ЕБУ: Победникот на Евровизија не користел кокаин

– Пејачот на италијанската група „Манескин“, која е победник на „Евровизија“ за 2021 година, не користел кокаин за време на финалето. Ова го објави Европската радиодифузна унија – ЕБУ.

Дамијано Давид го мина доброволниот тест за дрога откако на интернет се појави снимка како тој се потпира на масата за време на финалето, саботата вечерта. Имаше и повици Италија да биде дисквалификувана и друга земја да ја добие наградата. ЕБУ е категорична дека обвинувањата се лажни и за нив ова прашање е затворено.

„Манескин“ ѝ ја донесе првата победа на Италија последниве 30 години, а првото место го доби по гласовите на публиката.

Back to top button
Close