Еден вработен во ЗОО Скопје утре ќе се тестира за птичји грип

Еден од четворицата вработени во скопската Зоолошка градина веќе утре ќе биде тестиран за птичји грип бидејќи пред два дена имал температура и дијареа кажа директорката Марија Андоновска, која посочи дека и покрај тоа што имал симптоми тоа не значи дека е заразен со вирусот. Андоновска на пресконференција кажа дека епидемиолошка анкета треба да се спроведе и на уште еден вработен кој досега не успеале да го исконтактираат.

Во однос на посетителите во Зоолошката директорката на Институтот посочи дека ризикот за зараза е мал бидејќи за да се пренесе птичјиот грип потребен е близок контакт со заразено животно.

Од Агенцијата за храна и ветеринарнство пак попладнево излегоа со соопштение во кое велат дека тие постапиле согласно процедурите за вакви случаеви и обвинија дека од иако од скопската зоолошка детектирале угинато животно уште во понеделникот сепак навремено не го пријавиле случајот ниту кај надлежниот ветеринар, ниту во кај нив

Back to top button
Close