Една жена загина, 25 се повредени во превртувањето на патнички авотбус кај Лесковац

Едно лице загина, а 25 се повредени кога автобус со сомборски регистерски таблички се превртел на автопатот кај Лесковац.
Несреќата се случила околу 5 часот и 25 минути, кога во градот Печеневце се превртел автобус полн со патници кои се враќале од одмор во Грција, јави РТС.
13-годишно момче се здобило со набиен стомак, а 69-годишен маж има отворена фрактура на раката и е опериран, соопштија од Ургентниот центар на УКЦ Ниш.
Причините за несреќата засега се непознати.






