Едно жена загина, а пет лица се повредени во пукање во угостителски објект во Тирана

За расветлување на овој настан, формирана е посебна истражна група и под раководство на Обвинителството, интензивно се работи на расветлување на околностите на настанот, земање на докази кои ќе послужат за расветлување на настанот, легитимирање и фаќање на сторителите, велат од полицијата

Една жена е убиена, а најмалку пет лица се повредени во престрелка во угостителски објект во Тирана. Жената која е убиена, на возраст од околу 60 години, била вработена во објектот. Од стаклото, кое било скршено при престрелката, со повреди на раката се здобило и едно 10-годишно дете. Останатите повредени, на возраст од 42, 45, 47, 50 и 55 години, се под лекарски надзор.

Престрелката се случила синоќа околу 21 часот.

Албанските медиуми пренесуваат дека полицијата потврдила оти угостителскиот објект бил сопственост на лице со криминално досие.

„За расветлување на овој настан, формирана е посебна истражна група и под раководство на Обвинителството, интензивно се работи на расветлување на околностите на настанот, земање на докази кои ќе послужат за расветлување на настанот, легитимирање и фаќање на сторителите“велат од полицијата.

Исто така, поставени се и контролни пунктови во соработка со локалните полициски дирекции на Драч, Елбасан, Лежа и Дибр.

Полициските служби продолжуваат со проверките на целата територија каде постои сомневање дека можеби се кријат сторителите.

Медиумот „Балкан веб“ пренесува оти постои сомневање дека повеќе од две лица учествувале во престрелката кои потоа заминале со автомобил.

„Има сомневања дека тешкиот инцидент е поврзан со сопственикот на локалот во кој се случи престрелката. Непознати лица се приближиле до просториите на кафеаната и испукале куршуми. Постои сомневање дека сопственикот на локалот можеби имал и претходни конфликти со лицата и затоа се истражуваат неколку траги. Најверојатно насилникот се доближил пеш и со огнено оружје испукал кон кафеаната“пренесува „Балкан веб“.

Back to top button
Close