ЕК: Важно да се истражат случаите со нелегални полициски станици во Европа

Неколку земји членки на ЕУ откриле „нелегални полициски станици“ на нивна територија, со кои управува Кина, а ЕК бара расветлување на случаите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ирска и Холандија обелоденија дека откриле кинески нелегални полициски станици на нивните територии, и стравуваат дека овие станици се користат од страна на Кина за заплашување на опозиционери на режимот во Пекинг.

– Многу сериозни ги сфаќаме сите обиди за странско влијание и закани на територијата на земјите-членки, и од блиску ги следиме известувањата, земјите членки отворија истраги, многу е важно да се расветлат брзо овие загрижувачки случаи, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хопер.

Овие „полициски центри“ на Кина не биле пријавени во земјите каде работат преку дипломатски канали. Според властите во Ирска и Холандија каде се откриени овие центри, граѓани опозиционери на кинеската власт добивале закани и заплашувања.

Кина ги отфрли обвинувањата. 

Back to top button
Close