Екипи од Србија, Бугарија и Холандија на фудбалскиот „Вардар Куп 2023“


Од петок до недела на теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари ќе се одржи второто издание на меѓународниот фудбалски турнир за играчи до 15 години, „Вардар Куп 2023“.

На турнирот, како што соопштија организаторите, покрај домаќинот Вардар, ќе настапат белградска Црвена ѕвезда и нишки Раднички, бугарските екипи Национал Софија и Лудогорец, како и холандски Ексцелсиор од Ротердам.

Групата А ја сочинуваат Црвена ѕвезда, Национал и Ексцелсиор, додека во Групата Б се Вардар, Лудогорец и Раднички Ниш.

Воведните натпревари се закажани за в петок, а финалето е на програмата в недела.

На премиерното издание на „Вардар Куп“ во 2022 година триумфираа младите фудбалери на хрватски Осиек

Back to top button
Close