Екс затвореници откриваат детали за тортурата во руските затвори

Поранешните затвореници, кои биле затворени во руските затвори, тврдат како биле мачени и силувани. Минатата година се појавија видеа од наводни злоупотреби во затворите во Русија, а сега поединци решија да раскажат „Би-Би-Си“ каква тортура наводно претрпеле додека биле зад решетки.

Затворската болница во Саратов, која се наоѓа на југозападот на Русија, на светот му стана позната минатата година кога се појавија видео снимки, наводно направени таму, на кои се гледа ужасното малтретирање на затворениците.

 

Затвореникот Алексеј Макаров знаел за приказните за објектот пред да биде префрлен таму во 2018 година, за време на неговата 6-годишна затворска казна. Затворениците кои биле испратени во Саратов од различни затвори се пожалиле дека нивните здравствени проблеми биле измислени за да можат да бидат измачувани зад затворени врати.

Руските затвори немаат независна контрола, а затворските болници, со правила за карантин, сè уште не се под надзор на никој.

На Макаров му била дијагностицирана туберкулоза, па се надевал дека ќе биде поштеден од тортурата. Сепак, како што тврди, додека престојувал таму, двапати бил силуван.

Жртвите и експертите велат дека злоупотребата на која биле изложени Макаров и другите затвореници е секогаш санкционирана од затворскиот персонал и се користи за уцена и заплашување на затворениците, како и за изнуда на признанија.

Објавувањето на снимката ја принуди руската влада да одговори на скандалот со мачење. Случаи биле пријавени во 90 отсто од руските региони помеѓу 2015 и 2019 година, според независниот руски медиумски проект „Проект“.

„Би-Би-Си“ анализираше илјадници судски документи од тој период и открил дека 41 член на затворската служба биле осудени во најтешките процеси за злоупотреба на затвореници. Но, речиси половина од нив биле осудени само на условни казни.

Макаров вели дека првпат бил мачен во февруари 2020 година. Тој одбил да признае наводен заговор против управата на затворот, поради што, како што тврди, бил подложен на континуирано сексуално насилство од тројца мажи.

„Ме тепаа 10 минути, ми ја кинеа облеката. Во следните два часа ме силуваа со рачка за метла. Кога ќе се онесвестев, ме полеваа со ледена вода, а потоа повторно ме ставаа преку масата“ – тврди Макаров.

Два месеци подоцна повторно бил нападнат. Го натерале да плати 800 фунти на напаѓачите, а потоа повторно групно го силувале за да молчи.

Макаров за „Би-Би-Си“ изјавил дека неговото злоставување било снимено на камерата.

„Затворениците знаат дека можат да ги покажат понижувачките ленти на сите во затворот ако не се придржувате“ вели тој.

Макаров бил силуван од други затвореници, а смета дека тоа го направиле на барање на „газдите во затворот“. Жртвата посочува дека за време на тешкото искушение, музиката се пуштала гласно, за да не се слушаат врисоци.

Минатогодишната снимка од Саратов била објавена со помош на друг поранешен затвореник – Сергеј Савељев кој успеал да прошверцува снимка на која се гледа понижувањето и насилството на десетици затвореници. Тој исто така сметал дека тортурата е санкционирана на највисоките нивоа како дел од организиран систем.

Савелиев имал пристап до снимката бидејќи од него било побарано да работи во одделот за обезбедување во затворот со недоволно персонал. Од него се барало да ги следи и каталогизира снимките од камерите што вообичаено ги носат затворските службеници.

Тој за „Би-Би-Си“ изјавил дека кога имало тортура во Саратов, персоналот ги терал затворениците да ја вршат својата валкана работа и ги терал да носат камери на облеката за да го снимаат мачењето.

„Ќе ми дадоа наредба да побарам камери од шефот на обезбедувањето“ – тврди Саваљев.

Потоа ќе му биде наредено да ги зачува снимките и периодично да ги пренесува на посебен диск за да можат да ги гледаат повисоките службеници.

Кога дознал каков хорор се случува зад решетки, почнал да ја копира снимката и да ја чува во скриена папка.

На дел од видео снимките насилниците користеле лисици и камери, работи кои биле дозволени да ги користат само затворските работници.

Саваљев вели дека затворениците кои извршиле насилство по правило биле оние кои биле осудени за најтешки кривични дела. Како такви, тие отсекогаш сакале да се „доделат“ за да добијат најдобар можен третман во затворот.

Првото шокантно видео се појави во 2018 година, на кое се гледа како чувари масовно тепаат затвореници во Јарослав, северно од Москва. Единаесет вработени во затворот Јарослав добија минимални казни во 2020 година, а нивните двајца шефови беа ослободени.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close