Експлодираше уред за конфети во Швајцарија – 11 лица се повредени

Eдинаесет лица вчера се повредени кога компресор за воздух на топ за конфети експлодираше за време на карневал во швајцарскиот град Шабли во кантонот Вале, објавија локалните медиуми.

Тешко повредените беа однесено во болница со хеликоптер, објави кантоналната полиција.

Инцидентот се случи за време на карневалската парада, а истрагата ќе ја утврди точната причина и сите околности, соопшти полицијата.

Четири амбулантни возила, три хеликоптери и мобилна единица за интензивна нега интервенирале на местото на несреќата.

Организаторите на карневалот не сакаа да коментираат за инцидентот.

Во кантонот Вале, месец и пол по катастрофалниот пожар во Кран-Монтана, во кој загинаа 41 лице на новогодишната ноќ, општинските власти ги заострија прописите за да се осигурат дека се исполнети стандардите за противпожарна безбедност во јавните згради

Back to top button
Close