Експлозија на стадион за крикет во Авганистан, ранети четири лица


Четири лица се ранети во експлозија на граната на стадион за крикет во Кабул за време на натпревар од домашното првенство, соопшти синоќа авганистанскиот Комитет за крикет (ACB).

– За време на натпревар од Шпагеза лигата се случи експлозија, а четири цивили во публиката се ранети, изјави изврпниот директор на ACB, Насиб Кан.

Истиот извор наведе дека персоналот и играчите биле на безбедно место во време на инцидентот.

Крикетот е исклучително популарен спорт во Авганистан, а националната репрезентација и натаму постигнува добри резултати на меѓународната сцена и покрај ограничените ресурси и нестабилната состојба во државата

Back to top button
Close