Експлозии во Киев.Се огласија сирените за тревога.

Повеќе експлозии се слушнаа денеска во Киев, каде се огласија сирените за воздушен напад

.Погоден е еден од инфраструктурните објекти во главниот град. „Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува“, напиша на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко.

Кличко не даде повеќе детали.

Едно лице загинало кога била погодена двокатна зграда во главниот град на Украина. Има и еден ранет.

Во последниве недели, Русија често го гранатираше украинскиот главен град, како и енергетските капацитети низ целата земја, што доведе до прекини на електрична енергија на многу места.

Back to top button
Close