Експремиерот на Пакистан, Имран Кан обвинет за тероризам


Истрагата против експремиерот на Пакистан, Имран Кан, наводно, била покрената откако Кан, во политичкиот говор во саботата, ги обвинил властите за мачење на неговиот близок соработник, кој и самиот бил приведен под обвинение за бунт
Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан е под истрага за „терористички чин“ по политичкиот говор во кој ги обвини полицијата и судството за приведување и тортура на негов близок соработник.

Пакистанската полиција соопшти дека поранешниот премиер Имран Кан е под истрага и дека е обвинет за закани кон полицијата и правосудството, јавува Би-Би-Си .

Истрагата, наводно, била покрената откако Кан, во политичкиот говор во саботата, ги обвинил властите за мачење на неговиот близок соработник, кој и самиот бил приведен под обвинение за бунт.

По тој повод, Кан го осудил началникот на полицијата во Исламабад и судијата за притворот и наводното малтретирање на неговиот сопартиец.

„Треба да се подготвите, бидејќи ние ќе започнеме акции против вас“, рече Кан.
Пакистанските власти го обвинија Кан дека ги прекршил антитерористичките закони со закани за владини претставници.

Би-би-си јавува дека во Пакистан има голема тензија поради обвинувањата против Кан. Поддржувачите на поранешниот премиер, кои се собраа пред неговата куќа во знак на протест, велат дека ќе го „заземат“ градот доколку Кан биде уапсен.

Пред неговата куќа е и полицијата која најави дека дошла да го одржува редот, а не да го уапси Кан.

Откако беше соборен од власт во април , Кан беше гласен критичар на владата и војската.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close