Емил Рајковиќ е избран за најдобар тренер на сезоната во една од најсилните еврпски лиги – ВТБ лигата
Емил Рајковиќ е избран за најдобар тренер на сезоната во една од најсилните еврпски лиги – ВТБ лигата.
На почетокот на оваа сезона, македонскиот тренер ја превзема ЦСКА од Москва и веднаш стигна до неверојатни успеси, притоа поставувајќи нови рекорди со „армејците“.
Рајковиќ и неговиот стручниот тим во кој е вклучен и Сашо Тодоровски го завршија регуларниот дел од сезоната во силната конкуренција како првопласирани со скор од 30 победи на 32. одиграни натпревари.
Освен тоа, ЦСКА го имаше и најдобриот старт на сезоната со 24. победи без пораз, најдолга победничка серија со 24. триумфи во низа, како и 14. натпревари со 100 или повеќе поени и најдобар поентерски учинок во сезоната со просек од 95.6 поени.
Освен тоа. 44. годишниот скопјанец успеа и да се запише во историјата како единствениот кој успеал да освои две награди за надобар тренер на годината со два различни тимови.
Претходно тоа беше во сезоната 2018/19 кога регуларниот дел од сезоната со екипата на Астана заврши на шестото место на табелата, а во една навистина силна конкуренција со Димитрис Итудис, Евегениј Пашутин, Јоргос Барцокас, Саша Обрадовиќ…
За Рајковиќ останува уште да ја круниса неверојатната сезона во титула во ВТБ лигата.