Ен-Би-Си: САД му предложиле на Киев да добијат 50 отсто од ретките украински минерали

Администрацијата на Доналд Трамп и предложи на Украина, САД да добијат 50 отсто од украински ретки минерали јави Ен-Би-Си, повикувајќи се на четворица американски претставници.
Според двајца функционери, наместо да се плаќа за минерали, овој договор ќе биде начин Украина да врати за пакетите оружје од повеќе милијарди долари што САД ги обезбедија по руската инвазија во 2022 година.

Ен-Би-Си наведува дека, според осум американски претставници, американскиот министер за финансии Скот Бенсент му го претставил предлогот за ретките минерали на Зеленски во нацрт-договор за време на нивниот состанок во Киев во средата. Според официјалниот претставник, Зеленски не го потпишал документот и рекол дека треба дополнително да го проучи и да се консултира со други.

Back to top button
Close