Енрике: Ако зборувам за фудбалот, Манчестер Сити ги заслужи трофеите

Европскиот првак ПСЖ гостува кај Манчестер Сити утре во рамки на второто коло од Лигата на шампионите. Тренерот на екипата од Париз Луис Енрике има свое видување за случајот на Манчестер Сити во Премиер лигата каде независна комисија даде оценка дека клубот ги прекршил финансиските прописи во повеќе од 100 случаи.
– Првото нешто што го правите, кога ќе го слушнете тоа, е изненадување, но мислам дека треба да го почитуваме процесот и, да, да почекаме конечната одлука. Постојат власти одговорни за донесување на таа одлука, овие одлуки, и мора да почекаме, но ако зборувам само за фудбалот и работите што ги видов на теренот, Манчестер Сити ги заслужува тие трофеи. Го сакам начинот на кој играат фудбал, а потоа, мора да почекате (за) последната одлука и ништо друго, изјави Енрике на прес конференцијата.
Натпреварот Манчестер Сити – ПСЖ се игра утре со почеток во 21 часот.






