Ердоган: Бројот на загинати во земјотресите во Турција достигна 48.000

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар денеска извести за нов земјотрес во Турција, со јачина од 4,3 степени.

Епицентарот на земјотресот во централниот дел на земјата, на 21 километар југозападно од градот Гоксун, кој има повеќе од 50.000 жители. Нема извештаи за жртви или материјална штета, јави ТАСС.

Според турскиот министер за земјоделство и шумарство, штетата од земјотресите кои на почетокот на минатиот месец ја погодија Турција е околу 80 милијарди долари.

Бројот на загинати во земјотресите во Турција достигна 48.000, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Back to top button
Close