Ердоган сака со Маск да гради фабрика на Тесла во Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го покани извршниот директор на Тесла, Илон Маск, да гради фабрика за електрични автомобили во Турција, јави Анадолија.

Овој предлог Ердоган му го дал на Маск синоќа за време на состанокот во Турската куќа, облакодер во близина на Обединетите нации во Њујорк.

Ердоган е во САД за да присуствува на 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во август, Тесла изрази интерес за изградба на фабрика во Индија за производство на евтини електрични возила.

Тесла има шест фабрики и ја гради седмата во Мексико.

Маск во мај годинава изјави дека производителот на автомобили најверојатно ќе избере локација за новата фабрика до крајот на оваа година.

Back to top button
Close