Ердоган се сомнева на тероризам: Бидете сигурни дека одговорните ќе бидат казнети

epa09847078 Turkish President Recep Tayyip Erdogan gives a press conference at the end of a Group of Seven (G7) Leaders meeting at the Alliance headquarters in Brussels, Belgium, 24 March 2022. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ
Засега нема информации за тоа кој е одговорен за нападот, но првичните согледувања и информации од терен, според изјавата на турскиот претседател, укажуваат дека некоја жена имала улога во настанот
Се молам за браќата што загинаа во бомбашкиот напад на улицата „Истиклал“ кој се случи денеска во 16:20 часот, а на повредените им посакувам брзо закрепнување, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во првата негова изјава по експлозијата што попладнево одекна на познатата шопинг улица кај плоштадот Таксим.

Ердоган рече дека би било погрешно со сигурност да се каже дека станува збор за тероризам, но првите информации укажуваат дека ова „мириса на тероризам“.

„Нашиот народ да биде сигурен дека одговорните за ова на улицата ’Истиклал‘ ќе бидат адекватно казнети“,
дециден е Ердоган.

Засега нема информации за тоа кој е одговорен за нападот, но првичните согледувања и информации од терен, според изјавата на турскиот претседател, укажуваат дека некоја жена имала улога во настанот.

Ердоган порача и дека досега не успеале, а нема ни да успеат напорите на оние што со тероризам сакаат да ја преземат Турција и турскиот народ.

Информациите од турските власти за исходот од нападот се дека загинале најмалку шест лица, а 53 се повредени. Бројни полициски екипи го преплавија центарот на Истанбул, како и амбулантни возила кои ги транспортираат повредените во болница.

Back to top button
Close