ЕСМ: Чекавме дозвола од Град Скопје да ги постави цевките за парно под мостот „Беласица“

АД ЕСМ е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок, велат од претпријатието денеска.

Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.

 

ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки кои се веќе пренеси на локацијата.

 

Инаку, мостот „Беласица“ од саботата е отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти „ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ“, соопштија од Градот.

 

 

– Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања што ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, што ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, информираа од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close