ЕСМ единствена достави понуди на владините повици за парното греење во Скопје

Откако ќе биде извршена евалуацијата на пристигнатите понуди, Комисијата што ги отвори понудите ќе достави предлог до Владата за прифаќање или не за што ќе се расправа на една од наредните владини седници

Компании на државата ЕСМ се единствени кои доставиле понуди на трите јавни повици на Владата за избор на вршители на дејностите: производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Со овие јавни повици треба да се избере кој ќе го преземе работењето на компанијата „Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) која досега снабдуваше дел од Скопје со парно греење, но во јуни годинава Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ѝ ги одзеде лиценците.

Back to top button
Close