ЕСМ за МИА: За „Белене“ не се наѕира почетокот, поперспективен е проектот во Александрополис

Турција одбра да се однесува како дестабилизирачки фактор, опасен за безбедноста на непосредниот и поширокиот регион, но и за приоритетите и вредностите изразени и промовирани од ЕУ, вели министерот за надворешни работи Никос Дендиас и додава дека Анкара не остава простор за позитивна агенда на претстојниот Европски совет, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија во изјавата за „провокативното, агресивно и нелегално однесување на Турција“, вели дека Анкара од август, постојано ги продолжува нелегалните активности во Источниот Медитеран и „ги прекршува меѓународното и морското право“.

Вели дека ЕУ, ги забави одлуките за мерки и санкции за Турција и изрази подготвеност да разгледа позитивна агенда, под услов целосно да запрат нелегалните активности, нешто што, според Дендиас не се случило и е затворена било каква можност за дијалог.

-Анкара, со новите нелегални активности ја уништува перспективата за дијалог со нашата земја. За жал, не остава простор за било каква позитивна агенда на претстојниот Европски совет. Откако со своите постапки негираше било каков потег што би значел, макар и мала промена на нејзиниот став кон Грција и Кипар и расположение да одговори на повиците на ЕУ, Турција самата го затвора прозорецот на можност, што се отвори со нашиот позитивен став и одлуките на Европскиот совет, вели Дендиас и додава дека иако ѝ се дала можност на Турција, не ја искористила.

Министерот за надворешни работи на Грција, коментира дека секој обид од турска страна во последен момент да покаже добра волја или позитивен гест, ќе има за цел „само да ја ублажи сликата“, бидејќи овој пат „Турција не може да ја измами ЕУ“, која „не е наивна“.

Додава дека Грција е секогаш подготвена за искрен дијалог, но од соговорникот бара да покаже дека е посветен на меѓународното право, како постојан, а не моментален избор

Back to top button
Close