ЕСМ за ноември гас ќе купи од Макпетрол. Oд странската фирма понудата била само информативна

АД ЕСМ од „Макпетрол“ ќе ги набави неопходните количини на природен гас за работа на топланите во ноември.

Како што информираат од компанијата, на тендерот за набавка на гас добиле официјална понуда само од Макпетрол поради што се одлучиле гас за ноември да набават од македонската компанија.

Рокот за доставување на понудите на тендерот на АД ЕСМ за набавка на природен гас за потребите на топалните во Скопје и евентуално за работа на ТЕ-ТО заврши во петокот, но од компанијата оставија време до денеска за евентуално да не пристигне некоја понуда по пошта. Од ЕСМ планираа да набават природен гас за следните шест месеци, односно за целата грејна сезона за топланите, но и за когенеративната електрана ТЕ-ТО доколку имаше понуда со прифатлива цена на природниот гас.

Back to top button
Close