Етиопските власти со повик – Сите способни Етиопјани да се приклучат на армијата во борба против силите во Тиграј
Кабинетот на премиерот на Етиопија ги повика „сите способни Етиопјани“ денеска да се приклучат на армијата, специјалните сили и милициите во борбата против силите на провинцијата Тиграј.
Изјавата е дадена шест недели откако владата прогласи едностран прекин на огнот.
Војната во Етиопија изби во ноември помеѓу федералните трупи и силите на Народноослободителното движење Тиграј, политичка сила што ја контролира провинцијата Тиграј.
Во последниве недели, борбите се проширија во соседните региони Амхара и Афар, што предизвика раселување на околу 170.000 луѓе.