ЕУ: Европските патишта на Приштина и Белград зависат од напредокот во дијалогот
Европската Унија изразува целосна поддршка на напорите на нејзиниот висок претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во својство на олеснувач на дијалогот Белград-Приштина, како и на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, и ги потсетува и Косово и Србија дека нивниот европски пат зависни од напредокот во дијалогот за нормализација на нивните односи, бидејќи и двете страни ризикуваат да ги загубат можностите за напредок на нивните европски патишта, порача денеска Европскиот совет.
Унијата ги повикува Белград и Приштина да се ангажираат конструктивно и со добра волја на имплементација на Предлогот на ЕУ без понатамошно одлагање, што ја подразбира обврската на двете страни целосно да ги спроведат сите претходни договори, вклучително и формирање на заедницата на општините со српско мнозинство без натамошно одлагање или предуслови,
– По состанокот на високо ниво од дијалогот Белград-Приштина на 14 септември во Брисел, ЕУ ја изразува својата загриженост поради недоволната имплементација од страните на нивните обврски од Договорот за патот кон нормализација и неговиот Анекс за имплементација, а кои се обврзувачки за нив и играат улога при нивниот европски пат, се посочува во соопштинето, при што се потсетуваат Белград и Приштина на нивната одговорност да го почитуваат принципот на доверливост во дијалогот, како клучна компонента на секој политички чувствителен преговарачки процес, се додава во соопштението.
ЕУ се изразува загриженост поради недостигот на напредок од двете страни во деескалирањето на тензиите на северот на Косово, неколку месеци по последното разгорување на насилството кое остави ранети граѓани, војници на КФОР, органи на редот и претставници на медиумите, некои дури и со тешки и трајни последици.
– И покрај постојаните повици од страна на ЕУ и другите меѓународни партнери, досега преземените чекори остануваат недоволни, а безбедносната ситуација на север останува тензична. Во овој контекст, потезите на Косово, вклучително и за експропријација на земјиште на северот на Косово, наредби за иселување и за употреба на специјални полициски сили за надлежности на локалната полицијата, не се во согласност со владеењето на правото и ризикуваат да придонесат за дополнително зголемување на тензиите. Континуираните напади и заплашувањето од страна на криминалните групи на новорегрутираните полициски припадници косовски Срби се неприфатливи и мора веднаш да престанат. Блокирањето на енергетскиот патоказ од страна на Србија, како и другите постапки кои не се во согласност со Договорот за патот кон нормализација и неговиот Анекс, се во спротивност со духот на процесот на дијалог, додава ЕУ.
Во соопштението се посочува дека барањата што ги изнесе на ЕУ од 3 јуни остануваат целосно валидни, при што остануваат во сила преземените мерки, вклучително и суспензијата на состаноците на високо ниво со Косово.
– ЕУ е подготвена да ги укине овие мерки во случај на напредок во исполнувањето на постојните барања или да процени дополнителни мерки кон двете страни, доколку е потребно. ЕУ потсетува на важноста од брзо одржување предвремени локални избори на северот на Косово за да се помогне во смирувањето на тензиите. Неопходно е најбрзо решение за да се овозможи распишување на изборите. Ги охрабруваме косовските Срби целосно да се вклучат во изборниот процес и јавно да го кажат своето безусловно учество, се посочува во соопштението.
Унијата натаму ги повикува сите политички актери, на сите нивоа на власта, и во Косово и во Србија, да се вклучат конструктивно во процесот што води до предвремени локални избори на северот на Косово, да избегнуваат понатамошни чекори на ескалација и да го поддржат напредокот во дијалогот олеснет од ЕУ.