ЕУ го покани Израел на разговори за офанзивата во Газа

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека официјално го поканил израелскиот топ дипломат на состанок за да разговараат за врските во време на конфликтот во Газа. Во ЕУ минатата недела се согласија да побараат од израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац посебна средба според договорот меѓу двете страни што ги поврзува правата со трговските врски.

Борел тогаш рече дека сака да го притисне Израел за катастрофалната ситуација во Газа, неговото почитување на човековите права и пресудата на највисокиот суд на ОН за запирање на офанзивата во Рафа.

Сега е до Израел за да ја прифати поканата, јавија бриселски медиуми. Официјални претставници на ЕУ признаваат дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху најверојатно ќе одолговлекува каков било одговор додека продолжува да ја води својата војна во Газа.

Шпанија и Ирска кои минатата недела ја признаа палестинската држава ја повикаа ЕУ да го разгледа договорот за асоцијација за трговија поради израелската офанзива во Газа.

Back to top button
Close