ЕУ и подари на Србија 165 милиони евра за енергетска поддршка
Во Националниот диспечерски центар на Електричната мрежа на Србија денеска беше потпишан договорот за пакетот енергетска поддршка на Европската унија за Србија, вреден 165 милиони евра. Во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре, договорот го потпишаа министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ и заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Пламена Халачева.

Жофре рече дека договорот е конкретен пример за солидарноста на ЕУ кон Србија. „Руската инвазија на Украина го наруши снабдувањето со енергија и претставува огромни ризици за нашата економија. ЕУ реагираше за да ги заштити граѓаните и економиите држејќи се заедно и дејствувајќи решително, а резултатите се импресивни, го диверзифициравме снабдувањето со енергија и ја зголемивме енергијата безбедност“, рече тој. „Со држење заедно можеме да успееме во овие тешки времиња, а тоа важи и за Србија и за Западен Балкан“, рече Жофре.
Вучиќ се заблагодари на ЕУ за огромната помош и рече дека Србија за еден ден добила еден процент од буџетот од ЕУ. „За само еден ден добивме еден процент на подарок од ЕУ. Сакам луѓето да го знаат тоа, бидејќи често го цениме она што ЕУ го прави за нас. Тие ги дадоа своите пари од нивните даночни обврзници на граѓаните на Србија“, рече Вучиќ. Финансиската поддршка на ЕУ ќе послужи за имплементација на енергетскиот патоказ на Владата на Србија, субвенциите за ранливите домаќинства и заштитата на малите и средни претпријатија.






