Еурофарм Пелистер го освои бронзениот медал во СЕХА-лигата


Екипата на Еурофарм Пелистер го освои третото место на завршниот турнир од регионалната СЕХА-лига што се одржува во Задар.

Битолчани попладнево во дуелот за бронзата го победија Нексе од Нашице со 27:23. Македонскиот тим до победата дојде по извонредното второто полувреме кое го доби со 15:10.

Голманот Урбан Лесјак со 12 одбрани, Усама Хосни со шест и Мирко Радовиќ со пет погодоци беа најзаслужните за победата на „пелистерци“.

Вечерва од 19 часот се игра финалето на „Ф4 турнирот“ во кое ќе се соочат ППД Загреб и Веспрем

Back to top button
Close