Еуростандард банка – Разум и Насилство

Денес би сакал да бидам краток во исказот, бидејќи нема потреба од многу зборови. Некогаш случувањата говорот самите за себе повеќе од зборовите. А некогаш и тишината е помoќна од зборот.

Сепак би сакал да споделам едно чувство – разумот во оваа земја одамна е погребан. Тоа не ја исклучува и Народната банка на Република Македонија, која би требало да е една од највисоките институции кои гарантираат економска стабилност. Наместо тоа, доминираат бирократското его и суетата.

За Народна банка важи правилото homo homini lupus est, што по нашински или мое гледање би требало да значи, ме исцедија како лимун и ме фрлија на буниште.

Ве уверувам ќе вложам се од себе правдата да ги стигне сите учесници. Јас не сум осветољубив човек – тоа е далеку од мојата природа. Но, правдата мора да биде задоволена. Затоа имаме и примери во историјата – еден од најдоминатните примери за барање на правда е потребата на евреите, односно на Израел, после Втората светска војна, да ги изведе пред суд сите виновници за холокаустот.

Верувајте ми и за мене овој македонски холокауст е нов предизвик, и најотворено, и без  никакви ракавици им посакувам на сите мои „имотно добро ситуирани пријатели“ мирен и спокоен живот и да си продолжат со својот сеир. Ниту еден од големите тајкуни во Република Македонија не подигнаа слушалка да прашаат како сум, а тоа говори дека вербата полека, но сигурно се губи во моето сфаќање дека човекот треба да биде човек за човека односно homo homini homo est.

Почитувани, во периодот што следи ќе имате можност преку сите јавни медиуми да бидете запознаени за сите случувања меѓу веќе непостоечката Еуростандард банка и Народна банка на РМ.

Останете ми во добро здравје, а за мене борбата допрво почнува.

Трифун Костовски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close