Еве што добива „Вреди“ во Владата со ВМРО-ДПМНЕ

Извори за ТВ21 брифираат што ќе добие коалицијата „Вреди“ во Владата со ВМРО-ДПМНЕ. Според наши извори, договор е веќе постигнат, па така партијата Демократско движење на Изет Меџити ќе добие прв вицепремиер и министер за екологија, како и двајца заменици во МВР и Транспорт и врски.

Алтернатива на Африм Гаши ќе добие, претседател на Собрание и функција, најверојатно вицепремиер за евроинтеграции

Беса на Билал Касами ќе го добие Министерството за Економија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за култура, а Арбен Тарвари повеќе од сигурно е дека ќе се врати во Министерството за здравство.

Според најавите на Мицкоски за реорганизација на владата, Министерството за политички систем ќе се трансформира во Министерство за односи меѓу заедниците, што пак по автоматизам значи дека со тој ресор ќе раководи вицепремиер од помалите заедници. Ова, пак, од друга страна ќе значи дека првпат по Рамковниот договор, односно по 22 години, со тој ресор нема да раководи Албанец, зашто досега тој ресор беше „резервиран“ за кадри од партиите на Албанците.

Back to top button
Close