Европа во паника од враќањето на Трамп – најавува 100 милијарди евра за европска одбрана 

Можноста Трамп да се врати во Белата куќа ја зголемува европската интенција за градење на сопствен одбранбен систем

Можноста Трамп да се врати во Белата куќа ја зголемува европската интенција за градење на европски одбранбен систем.

Комесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, соопшти дека се работи на формирање на огромен одбранбен фонд на ЕУ од 100 милијарди евра. Целта на овој фонд е да се потикне заедничката набавка на оружје и да се зајакнат темелите на зедничкиот европски одбранбен механизам.

Зборувајќи на оваа тема комесарот Тиери Бретон раскажа и една анегдота.

-Во 2020 година, јануари. Седиме со Урсула фон дер Лејн, јас, Фил Хоган и претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп. Бевме во Давос. А Доналд Трамп ѝ рече на Урсула: „Треба да разбереш дека ако Европа е нападната, ние никогаш нема да дојдеме да ти помогнеме и да те поддржиме, а патем НАТО е мртов, а ние ќе си заминеме, ќе го напуштиме НАТО“. Тоа ни го кажа Трамп кој сега би можел да се врати – рече комесарот Бретон правдајќи ја оваа иницијатива нагласувајќи „Ова беше голем повик за будење … па сега повеќе од кога било, знаеме дека сме сами, се разбира“ изјави Бретон.

Во полза на ова говорат и бројките. Земјите од ЕУ трошат 240 милијарди евра годишно за одбрана и безбедност или речиси исто колку и Кина која троши 250 милијарди. ЕУ, кога е во прашање безбедноста инвестира три пати повеќе пари од Русија, а сепак, се уште, како Унија не преставува никаков значаен воен фактор и е во голема мерка, ако не и целосно, зависна од САД. Поради ова се погласни се барањата во ЕУ за интензивирање на европската одбранбена компонента. Големото мнозинство кое ја подржува оваа иницијатива смета дека таа одбранбена европска компонента би требала да биде во системот на НАТО. Со оглед на растечките тенденции во САД кои ја маргинализираат улогата на Северноатлантската воена алијанса оваа европска воена компонента би можела да функционира и самостојно.

Борјан Јовановски - автор на коментарот
Борјан Јовановски – автор на коментарот

Враќањето на Трамп во Белата Куќа е се уште само теоретска можност, но во секој случај перспективите на американската политичка сцена не се во полза на традиционалните атлантски врски ппради кои Европска безбедност долг период се чувствуваше комотно.

Пре одржувањето на прославата на јубилејот од формирањето на Република Српска, претседателот Милорад Додиќ отворена застана зад тендециите за осамостојување на овој дел од Босна и Хецеговина што значи дирекна закана за Дејтонскиот договор. Како одговор на овој негов јавен настап над босанското небо надлетаа два борбени авиона на американското воено воздухопловство во знак, како што беше соопштено, на поддршка на територијалниот интегритет на БиХ. Вашингтон денес ја има и моќта и волјата на овој начин да ја демонстрира својата заложба за неменување на границите на Балканот. За само една година ваква демонстрација можеби нема да има зелено светло во Вашингтон, а од Европа ќе нема кој тоа да го стори што би можело да значи палење на зелено светло за некои други сили кои одамна посакуваат “второ полувреме” на Балканот.

Борјан Јовановски

Back to top button
Close