Европската комисија започнува акција за превенција од руската пропаганда 

Таа предупреди дека руската пропаганда веќе обезбедила своја логистика во повеќето земји на ЕУ

Потпретседателката на Европската комисија, Јурова, ги повика земјите членки на ЕУ да направат повеќе за да се заштитат од руската пропаганда пред претстојните европски избори.

Јурова тргнува е на турнеја низ Европа за да се заложи за поусогласена акција, вооружена со податоци за руските кампањи за дезинформации. Таа денеска ќе ја посети Финска, а следната недела Италија.

Таа предупреди дека руската пропаганда веќе обезбедила своја логистика во повеќето земји на ЕУ. Како алатки на руската пропаганда покрај поединци и медиуми Јурова во нејзиното досие ги има забележано и крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) – па дури и поединци во некои влади, наведувајќи ги Унгарија и Словачка.

„Кремљ директно не може да влијае на умовите и срцата на европските луѓе. Ним им требаат домашни полномошници“, рече таа.

„Гледаме дека AfD ги презема руските наративи и, искрено, за мене ова е извор на најголема загриженост, бидејќи ако Германија и сврти грб на Украина под влијание на поддршката која би ја добиле есктермистите, ” ќе бидеме во голема, голема неволја“ рече Јурова.

Според Јурова Русија е господар на пропагандата.

“Тие имаат стратегија за секоја земја. Русија има прецизни планови каде и како да се фокусираат напорите за мешање во изборниот процес. Тие имаат одредена анализа на трошоците и придобивките, мислам дека имаат многу добри пресметки за тоа каде да инвестираат”.

Таа смета дека Германија е еден од главните таргети поради нејзиното влијание во ЕУ.

Во повеќето земји, руските наративи се шират од опозициските партии или групи надвор од парламентите, рече Јурова и тука не пропушти да ги именува Словачка и Унгарија.

„Имаме две земји каде што ги слушаме руските наративи од владите. А тоа се Унгарија и Словачка“, изјави Јурова пред заминувањето за Финска.

Борјан Јовановски

 

 

Back to top button
Close