Европскиот парламент усвои директива со која ги штити новинарите од Слап тужби


Пратениците од Европскиот парламент денеска усвоија директива која ги штити новинарите, активистите и нивните организации од стратешки тужби против јавното учество (СЛАП тужби), чија цел е да се намали слободата на говорот.

Со одлуката, ЕП ја потврди својата намера да обезбеди поединците и организациите кои работат на прашања од јавен интерес, како што се основните права, обвинувањата за корупција, заштитата на демократијата или борбата против дезинформациите, да добијат заштита на ЕУ од неосновани и вознемирувачки тужби. се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Парламентот.

За директиватата, која претходно беше договорена со Европскиот совет, гласаа 546 европратеници, 47 беа против и 31 воздржан, а ќе стапи на сила 20 дена по објавувањето во Службениот весник на ЕУ.

Заштитни мерки ќе се применуваат за сите прекугранични случаи, освен кога и обвинетиот и тужителот се од иста земја на ЕУ како и судот, или кога случајот е релевантен само за една земја-членка.

Со директивата се обезбедува дека жртвите на Слап тужбите се посилно заштитени со воведување на две заштитни мерки, предвремено отфрлување доколку случајот е неоснован и можноста да се бара од тужителот да ги плати проценетите трошоци на постапката.

Судот може да ги казни подносителите на барањата за тужба, кои често се политичари, корпорации или лоби групи, со налог кој ги обврзува да платат отштета нанесена на обвинетиот.

Back to top button
Close