ФАА предлага ограничувања за летовите во близина на аеродромот Доналд Трамп во Палм Бич


Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) денеска соопшти дека предлага специјални правила кога станува збор за летовите во близина на Меѓународниот аеродром Доналд Трамп во Палм Бич, на Флорида, наведувајќи ја како причина загриженоста за безбедноста на претседателската резиденција во Мар-а-Лаго.

ФАА предлага ограничувања на летовите во радиус од една наутичка милја и до 0,60 километри околу резиденцијата во Палм Бич, која се наоѓа блиску до аеродромот.

Американската тајна служба ги побара тие ограничувања, наведувајќи ги како причина информациите за непријателски закани и истакнувајќи дека тој потег „значително ќе ја зголеми способноста за ублажување на трајните ризици што ги претставуваат авионите кои летаат без дозвола и системите на летала без екипаж“, наведува ФАА.

Back to top button
Close