ФБИ бара информации за тоа како вооружен маж може да нападне поранешен претседателна САД

ФБИ го идентификуваше напаѓачот како Томас Метју Крукс, 20-годишен од Бетел парк во Пенсилванија, јавуваат американските медиуми. Крукс беше именуван од ФБИ „како субјект вклучен во обидот за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп“.

Тајната служба соопшти дека стрелецот „испукал повеќекратни истрели кон бината од подигната позиција надвор од митингот“ пред да биде „неутрализиран“ од агентите.

Повеќе сведоци изјавија дека го виделе напаѓачот пред пукањето и ги известиле властите.

Поддржувачот на Трамп, Рајан Најт, изјави дека го видел напаѓачот во блиската зграда.

 

Локалната полиција соопшти дека „одговорила на голем број извештаи за сомнителна активност“, но не даде дополнителни детали.

 

Напаѓачот бил вооружен со полуавтоматска пушка АР-15, пренесоа американските медиуми.

Вооружениот напаѓач и случаен минувач загинаа на митингот, додека две други лица се тешко ранети.

Двајца сведоци изјавија за американските медиуми дека виделе маж смртно застрелан во главата.

 

Back to top button
Close