Феенорд по пауза од шест години стана шампион на Холандија

Екипата на Феенорд на две кола пред крајот на првенството стана шампион на Холандија.
Во натпреварот од 32. коло Феенорд денес го победи Го Ахед Иглс со резултат 3:0. На две кола пред крајот на првенството, тимот предводен од Арне Слот има недостижни осум бодови предност во однос на ПСВ.
Феенорд стана национален шампион по 16-ти пат во историјата. Последен пат тимот го освои шампионатот во сезоната 2016/17.
Од сезоната 2018/19, Ајакс постојано го освојуваше холандското првенство – со исклучок на сезоната 2019/20, која беше прекината поради пандемијата на коронавирус






