Фицо: Ќе одам во Москва на прославата на 80 години од победата и точка!

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека планира да ја посети Москва на 9 мај по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, оценувајќи ги изјавите од Киев како неприфатливи.

„Ќе прославам 80 години од победата. Точка“, рече Фицо на прес-конференција, реагирајќи на предупредувањата од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Словачкиот премиер додаде дека заканите на Киев претставуваат „знак на непочитување“ кон Советскиот Сојуз, земја која, како што истакна, поднела најголеми жртви во борбата против фашизмот. „Според мене, ова се неприфатливи работи“, додаде Фицо.

Украинскиот претседател Зеленски претходно ја отфрли понудата на Русија за тридневен прекин на огнот по повод јубилејот. Тој изјави дека Украина не може да гарантира безбедност за странските делегации кои би присуствувале на парадата во Москва, истакнувајќи дека Украина нема надлежност врз безбедносната ситуација на територијата на Русија.

Во јавноста се појавија шпекулации поради неодамнешното откажување на јавни настапи од страна на Фицо, вклучително и неговото отсуство од прославата на Први мај. Истовремено, српскиот претседател Александар Вучиќ исто така се повлече од јавноста поради здравствени причини, што доведе до шпекулации дека двајцата лидери избегнуваат патување во Москва поради притисок од Европската Унија.

Рускиот политиколог Сергеј Марков, познат како близок до Кремљ, на Телеграм отвори контроверзна теорија: „Дали е можно Вучиќ и Фицо да биле отруени затоа што не ги послушале наредбите на ЕУ?“ – праша Марков.

„Само пред неколку години, вакво прашање ќе звучеше како теорија на заговор. Но денес, угледот на европското раководство – кое отворено се противи на мир и поддржува војна, како и ликвидација на демократијата во Романија, Франција и Германија, е толку нарушен што многу луѓе веќе поставуваат вакви прашања“, додаде тој. (infomax.mk)

Back to top button
Close