Филипче: 166 ново заразени од коронавирусот , 4 починати и 185 оздравени

Министерот за здравство Венко Филипче  на својот ФБ профил информираше за најновиот денешен биланс на заразени и починати од Ковид-19 вирусот . ·

Во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47 -Куманово 17 -Дебар 1 -Штип 23 -Тетово 12 -Струга 7 -Битола 1 -Охрид 3 -Кавадарци 9 -Гостивар 15 -Гевгелија 1 -Струмица 1 -Демир Хисар 1 -Македонски Брод 10 -Виница 2 -Свети Николе 2 -Кичево 12 -Неготино 2 Починати се 4 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Штип и пациент од Битола.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: -Скопје 98 -Куманово 17 -Штип 25 -Битола 8 -Гостивар 15 -Радовиш 2 -Пробиштип 1 -Свети Николе 12 -Кичево 3 -Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675, пишува Филипче на својот ФБ профил.

Back to top button
Close