Филипче: Ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денеска ја примил втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“.

– Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид-19. Сите вакцини кои ги имаме во нашата држава се безбедни и ефикасни, апелирам до сите граѓани да се пријават за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот, напиша Филипче.

Back to top button
Close