Филипче: Сега е време да размислуваме со ладна глава, бидејќи одлуките на изборите ќе остават големи последици врз иднината

 

Чест ми е што сум носител на листата во изборната единица четири, но истовремено имам одговорност за тоа што ќе се случува со нашата земја во иднина, како граѓаните ќе живеат во неа, дали ќе имаат мирен и спокоен живот. Ја прифаќам таа одговорност. Можев да седам настрана и да кажам дека политиката не ме интересира, но знам дека од политиката зависат многу работи, изјави вечерва во Демир Капија Венко Филипче, носител на изборната листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во четвртата иизборна единица.

„Како лекар знам колку е важно да им бидеш достапен на граѓаните кога им требаш. Ветувам дека кога ќе станам пратеник, ќе останам достапен за вас, за вашите грижи, маки, идеи и предлози. Не правам разлика меѓу луѓето пон иту една основа, така ќе се однесувам и во политиката, бидејќи пред се сме луѓе, потоа се друго“,порача Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ во изминатите седум години имал тежок мандат, од кои четири години поминат во три кризи, ковидот, економската и енергетската.

„Ама ние во тие кризни години покажавме како се штитат интересите на граѓаните и на државата. Донесовме девет пакети антикризни мерки. Покажавме како се остваруваат стратешките цели и интереси на државата, станавме членка на НАТО, ја зачувавме економијата, го зачувавме националниот идентитет, јазик и култура. СДСМ со дигната глава може да каже дека водеше исправни политики во интересе на сите граѓани во услови на светска криза“,рече Филипче.

Наспроти ова, истакна тој, ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години само блокираше и ги плашеше граѓаните со лажни вести.

„Блокираа закони, блокираа антикризни мерки, а сега ја блокираат и евроинтеграцијата на земјата. А зошто: Затоа што не би знаеле да се снајдат во ситуација ако станеме членка на ЕУ. Тие знаат да водат политика само ако Македонија е во калта долу, само ако Македонија е поделена и изолирана и оставена на нивна милост и немилост. Со ВМРО-ДПМНЕ нема напредок, напредокот не им одговара“,посочи Филипче.

Тој ги повика граѓаните да излезат масовно на избори бидејќи „мора да бираме мудро, сега е време да размислуваме со ладна глава, бидејќи одлуките ќе остават големи последици врз иднината“.

Back to top button
Close