Филипче: Шеќеринска е наша гордост и иснпирација за младите
Радмила Шекеринска е нашата гордост. Знам дека успешно ќе се носи со сите предизвици на функцијата заменик генерален секретар на НАТО.
Назначувањето за втор човек на најмоќниот воено-политички сојуз говори сè, и за нејзиниот капацитет и за нејзината посветеност и професионализам.
Ова е голем успех и за нашата земја како рамноправен партнер во светската безбедност.
На Радмила ѝ посакувам успех и се надевам дека ќе биде инспирација за сите, особено за младите кои со труд и посветеност можат да ја постигнат секоја цел.