Филипче: Средбата со Давкова беше на мое барање, ваквите средби на претседателот со опозицијата треба да бидат редовна пракса

Претседателот на СДСМ Венко Филипче по денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова рече дека таа минала во позитивна и конструктивна атмосфера, додавајќи дека средбата била на негово барање.

„Средбата ја побарав јас по последниот состанок на комисијата за европски прашања каде што излагање имаше претседателката, пренесувајќи го искуството од нејзиното членување во Националниот совет за евроинтеграции каде што јас како пратеник сум претседател и во таа смисла некои укажувања што треба да побара Советот од Владата за да го прати и контролира исполнувањето на планот за раст и реформската агенда“ рече тој.

Филипче истакна дека ваквите средби треба да станат редовна пракса на македонската политичка сцена.
Leni
Leni Frckoska
Филипче: Платите во здравството мора да растат, во спротивно медицинскиот кадар ќе бега надвор од државата

Запрашан за најавите за раст на платите во здравството, претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека зголемувањето на буџетот во здравството наменет за плати на здравствените работници е добар чекор, но и дека тоа не е доволно.

„Сметам дека тоа зголемување на вкупната сума во Буџетот наменета за плати во здравството е добар чекор но не е доволно. Во еден момент, министерката за финансии изјави дека треба да се зголемуваат платите само на средно медицинскиот персонал и техничкиот персонал, но не и на докторите, поради тоа што тие добиле навистина големо зголемување на платата за време на претходната власт. За потсетување, за време на нашето владеење, толкаво процентуално зголемување на плати на доктори немало никаде во Европа како што имаше кај нас. Министерката треба да го напушти тој став и треба огромна инвестиција да се направи кај сите кои работат во здрватсвениот систем“ рече Филипче.

Се друго, додаде тој, ќе значи дека медицинскиот кадар ќе бара спас во приватното здравство или пак ќе замине надвор од земјата.

Back to top button
Close