Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност

– Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија.

-Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!
Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе!
Нека почиваат во мир овие млади души, наведува министерот за правда Игор Филков.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close