ФИС ја продолжи суспензијата за руските и белоруските спортисти

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) донесе одлука да ја задржи на сила суспензијата за руските и белоруските спортисти за сите свои натпреварувања.

„Во интерес на зачувување на интегритетот на натпреварувањата на ФИС и безбедноста на сите учесници, а во согласност со препораките на МОК, Извршниот одбор одлучи да ја задржи забраната за настап на руските и белоруските спортисти на сите натпреварувања“, соопшти ФИС по состанокот во Золден.

ФИС во март годинава, по руската инвазија врз Украина, воведе суспензија за сезоната 2021/22, која сега е продолжена и на новата сезона.

Одлуката најмногу е влијае на натпреварувањата во нордиско скијање, дисциплина во која руските натпреварувачи освоија речиси третина од сите медали на последните Зимски олимписки игри во Пекинг.

-Ќе се вратам. Сите мораме да се вратиме, напиша на социјалните мрежи, коментирајќи ја одлуката на ФИС, руската скијачка Вероника Степанова, која во Пекинг го освои златниот медал во женската штафетна трка.

Back to top button
Close