Физичка пресметка меѓу навивачи на Галатасарај и Баерн
Навивачи на Галатасарај и Баерн Минхен физички се пресметаа на улиците во Истанбул пред вечерашниот натпревар меѓу турскиот и германскиот тим во фудбалската Лига на шампиони.
Како што јавија вечерва турските медиуми, физичката пресметка се случила во доцните часови ноќта меѓу понеделникот и вторник, а сè почнало кога навивачи на Баерн искршиле излог на официјална продавница на клубот од Истанбул.
Пет лица, од кои четворица германски навивачи, се повредени во инцидентот. Петмината биле хоспитализирани изминатата ноќ и во текот на денешниот ден се пуштени од болница.
Натпреварот меѓу Галатасарај и Баерн е во рамки на 3. коло од групата А.