(ФОТО) Булевар АСНОМ почна да се пробива низ Керамидница, Шилегов очекува да биде готов в година
Согласно проектот, оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри, за што ќе се инвестираат околу 70,6 милиони денари. Шилегов денеска изјави дека очекува најдоцна до наредната година да биде пуштен во употреба.
„Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса и моите очекувања се дека најдоцна на почетокот на наредната година да биде пуштен во употреба“,
рече Шилегов.
Шилегов рече дека изградбата на овој булевар во планската документација на Скопје постои уште од 1965 година, но секогаш била одложувана.
„Со изградбата на овој коридор граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче ќе имаат уште едно поврзување со центарот на градот, кое освен за автомобилскиот сообраќај, ќе биде поврзано и со велосипедски патеки, а по истиот ќе се движат и нови автобуски линии, со што граѓаните ќе бидат поврзани на сите начини. Исто како и остатокот од булеварот и во овој дел е предвидено модерно булеварско решение со по 3 коловозни ленти во двата правци, странично и средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и модерно ЛЕД осветлување“,
изјави Шилегов