ФОТО: Фрлена бомба во фризерски салон во Белград

Бомба била фрлена во фризерски салон на улицата Браничевска во Белград, синоќа околу четири часот.

Српската полиција соопшти дека нема повредени, а причинета е материјална штета.

На видео од безбедносни камери се гледа како маж со качулка на главата крши прозорец со чекан и фрла бомба, по што бега, пишува „Телеграф.рс“.

Жителите на оваа зграда ги разбудил силен удар.

Сопственикот на салонот тврди дека „нема непријатели и не ја знае причината за нападот“. Полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот.

Истрагата е во тек.

Back to top button
Close