(ФОТО) Кејт и Вилијам си ги сменија титулите на социјалните мрежи по смртта на кралицата

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги сменија своите официјални титули на социјалните мрежи од војвода и војвотка од Кембриџ во војвода и војвотка од Корнвол и Кембриџ.

Војводата од Корнвол традиционално е најстариот син на владејачкиот британски монарх, а неговата сопруга ја носи титулата војвотка.

Се очекува двојката да ги наследи и титулите принц и принцеза од Велс. Кралот Чарлс Трети, кој ја носеше титулата принц од Велс до смртта на кралицата во четвртокот, исто така претходно ги имаше титулите војвода од Корнвол и војвода од Ротези, кои се користеа во Шкотска.

 

 

Back to top button
Close