ФОТО: Комбе се запали во Кисела Вода – Густ чад се ширеше низ населбата
Комбе вчера попладне се запалило на улица во близина на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската општина Кисела Вода, во близина на станбени згради.

Од возилото за кратко време почнал да се шири густ чад, кој според сведочењата на граѓаните се чувствувал и низ околните делови од населбата. Пожарот го забележале минувачи, а дел од нив го снимиле инцидентот.
На местото пристигнале полициски службеници и екипа на противпожарната служба, кои интервенирале за да го локализираат и изгаснат пожарот.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините поради кои избувнал пожарот (фото: Press24)






