Фото на денот. Коцевски во сендвич помеѓу премиерот и директорот на АНБ. А јавноста го чека ветувањето на обвинителот да го објави одговорот од Бугарија за „фалш“ сертификатот на Христовски од АНБ
Помина повеќе од 1 месец од јавното ветување на дрѓавниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју на Топ трма на тв Телма дека конечно преку инструментот меѓународна помош американците помогнале Бугарија да одговори на барањето на нашето обвинителство за „аферата“ со сертификатот ТОЕФЛ за познавање на англиски јазик издадена наводно од овластена школа во Пловдив – Бугарија која директорот на АНБ Бојан Христовски за да ја добие функцијата во неговото ЦВ приложил таков тоефл сертификат кој е еден од условите за директорската функција.
За овој сертификат медиумите истражија и објавија дека таква школа во Пловдив не постои а и веќе имало случаи кои добиле кривични пријави од МВР и веќе судовите во Македонија осудиле две лица условно откако признале дека приложиле фалсификат ТОЕФЛ од Пловдив за да ги назначат за директори на основни училишта. Во случајот со ТОЕФЛОТ на Христовски пријавата да проверат дали и на директорот на АНБ сертификатот е фалсификат одговор и по речиси половина година молчат, за ненадлешни се прогласија и од ДКСК со потпис од сега веќе осомничената во случајот Адитив председателка на комисијата Димитриевска. ВО меѓувреме Христовси си седи на директорската позиција со јавен изим од премиерот Мицковски ој се оправда дека чека оговор од институциите на кои позиции барем на МВР раководи министер кој тој го постави.
Доза на оптимизам дека овој скандал со тоефлот на директороот на АНБ и правно ке биде расчистен даде изјавата на државниот обвинител Коцевски кој на прашање на тв Телма одговори декаа конечно го имаат одговорот од Бугарија за фамозниот сертификат од Пловдив дека го добииле преку меѓунардна правна помош од САД и Бугарија им пратила одговор но рече дека тој го прочитал ама неможел сега да каже затоа што спореед него во тој одговор имало индиции да провера некои работи. Обвинителот Коцевски во интервјуто ветти на јавноста дека многу скоро јавноста ќе била известена за одговорот од Бугарија.
Од тогаш помина повеќе од 1 месец Коцевски не ја известил јавноста но не му пречи денеска на одбележувањето на денот на полицијата да седи во „сендвич“ помеѓу премиерот и директорот на АНБ, Којзнае можеби пак обвинителот сака ама ете „неможе“ да даде разрешница на оваа афера во која се работи за една од најважните позиции од безбедноста на државата.
Како и да е државниот обвинител требе да собере храброст и да го исполни ветувањето на јавноста дека ке каже кој е одговорот, дали е лага или вистина дека првиот човек на АНБ директорува откако направил фалсификат документ за да стане директор.