(ФОТО) На ГП „Табановце“ запленети 13,3 килограми злато во гостиварски автобус и 30.000 евра од возач

Денес при вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа на граничниот премин Табановце открија и привремено задржаа 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра.

Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Дополнително при личен претрес, кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок.

 

Back to top button
Close