Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за регистрација на возила, на граѓаните да им се компензираат парите

-Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи на Фејсбук.

Тој го повика Министерството за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените и додаде да им се компензираат средствата на граѓаните кои веќе платиле повисока цена.

Back to top button
Close